Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 13 сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во осум со полесни повреди се здобиле 10 лица, а во четири била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала седум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, четворица возачи за не носење заштитен шлем, еден возач за не користење сигурносен појас и 10 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Од сообраќај се исклучени 11 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и 10 нерегистрирани возила.
Санкционирани се осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.
Затекнати се 74 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак”, отстранети се 67 возила.
Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” во ЈУДГ „25 Мај” објектите „Искра” и „Детелинка” на подрачјето на општина Гази Баба.
Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.