По повод одбележувањето на Денот на Европа 9 Мај, Секретаријатот за европски прашања денеска го организира т.н. „ЕУ Појадок”.
На овој настан што традиционално го организира СЕП, се очекува да земат учество амбасадорите на земјите – членки на ЕУ, амбасадорите на земјите од Западен Балкан, поранешните вицепремиери за европски прашања, како и претставници од граѓанските организации.
Како што соопшти СЕП, на настанот ќе се обрати вицепремиерот Бујар Османи, евроамасадорот Самуел Жбогар, а кусо обраќање пред амбасадорите се очекува да има и новоизбраниот претседател Стево Пендаровски.