Најголемиот покриен базар во светот и еден од најстарите на Блискиот Исток, во иранскиот град Тебриз, го зафати пожар, а пожарникарите успеаја да го изгаснат по шест часа борба со огнената стихија.
#BREAKING | Fire in the historical Bazaar of Tabriz
Reports indicate the presence of aid workers, the army and the people to curb the fire.@Shahraranews_en | #Tabriz #Iran #Tabriz_Bazaar pic.twitter.com/JGml0PFiTC
— ShahraraNews (@Shahraranews_en) May 8, 2019
Во пожарот беа полесно повредени 16 лица и беа оштетени околу 150 продавници.
Базарот во Тебриз, кој е под заштита на УНЕСКО, датира од пред илјадници години, а во него има 5.500 продавници. Причината за пожарот засега не е утврдена.