Спасувачка драма се случува кај хрватскиот архипелаг Корнати, кој се наоѓа во средишниот дел на Далмација, западно од Шибеник и јужно од Задар. Изутринава му откажа моторот на трактот што превезувал 250 патници. Акцијата за спасување е во тек.
Тракетот испловил синоќа кон Сплит, а рано изутринава околу пет часот му откажал еден од моторите. На него има околу 250 патници и 50 автомобили.
Траектот „Аурелија“ на кипарска компанија плови на редовна линија од Анкона до Сплит. Траектот се наоѓа на 10 милји југозападно од Корнати. Наводно, нема повредени, но медиумите наведуваат дека има бранови поради што ситуацијата воопшто не е пријатна за патниците.