Австрија ѝ го врати иконскиот борбен авион на Хрватска

Виенските власти го вратија борбениот авион со легендарна историја од југословенската војна во Хрватска, каде што воените претставници го поздравија како симбол на хероизмот, пренесува „Локал“.

Авионот „миг-21“ првично беше однесен во Австрија од страна на пилотот Рудолф Пересин, кој одбил да ја бомбардира својата родна Хрватска во војната за независност. Авионот треба да биде изложен во Министерството за одбрана во Загреб подоцна месецов.

Началникот на Генералштабот на хрватската армија, генерал Драго Матановиќ, вели дека авионот е симбол на хероизмот во војната за татковината, објави „Хина“.

Југославија се распадна во серија крвави војни во 1990-тите во Хрватска, Босна и Косово, во кои загинаа повеќе од 130.000 луѓе, а милиони лица беа раселени. Хрватска прогласи независност од поранешна Југославија во 1991 година, предизвикувајќи еден од првите конфликти.

Пересин ја објасни својата одлука во времето на неговото одмарање:

„Јас сум Хрват и не сакам да пукам на Хрватите”.

Тој беше убиен во мај 1995 година на крајот од крвопролевањето помеѓу Хрватска и етничкото српско малцинство поддржано од Белград. Војната одзеде 20.000 животи.

Авионот ќе биде изложен во Министерството за одбрана на Загреб на 12 мај, во знак на одбележување на 24-годишнината од смртта на пилотот. Потоа ќе биде чуван на воениот аеродром во близина на Загреб, на кој се очекува изградба на хрватски воен музеј.

Треба да знаете
Последни објави