Овој напиток има богат состав на хранливи намирници, витамини, влакна и минерали, а еве како да го направите сами…
Сокот успешно гo елиминира вишокот килограми, го намалува крвниот притисок и го зајакнува имунитетот.
Потребни состојки:
• 4 средни моркови
• 2,5 центиметри корен од ѓумбир
• 2 лимони (излупени)
• 2 чешниња лук
• 1 супена лажичка јаболков оцет
Начин на подготовка:
Ставете ги состојките во соковник. Сокот консумирајте го два дена, три пати на ден, а остатокот чувајте го во фрижидер, но не подолго од 36 дена.
Морковот ги зајакнува крвните садови и срцевиот мускул, го намалува нивото на лошиот холестерол и спречува мозочен удар, атеросклероза и проширени вени.
Ѓумбирот е моќен антиинфламатор. Коренот може да ги ублажи болките во мускулите, го намалува крвниот притисок, го храни мозокот со кислород и е богат со витамините од групата Б, како и аскорбинска киселина. Ја забрзува циркулацијата на крвта и го подобрува метаболизмот.
Лимонот е извор на витамин Ц, го подобрува имунитетот и игра клучна улога во формирање на колаген.
Лукот е клучна состојка на овој моќен сок. Тој е природен антибиотик кој се користи за лекување на инфекции, а познат е и во борбата против канцер.
Јаболковиот оцет е моќен еликсир богат со минерали и ензими како и витамини. Помага во подобрената работа на дигестијата и го регулира нивото на шеќер во крвта.