Тачи: Со Вучиќ имаме несогласувања

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, за новинарите во Тирана денеска изјави дека дошло до несогласувања во дијалогот меѓу него и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој тврди дека несогласувањата настанале поради тоа што Вучиќ ги негира злосторствата во Косово и Метохија.

Условувањето за продолжување на дијалогот со Белград со укинување на таксите е неправедно, а одлуката за нивно воведување беше праведна, рекол Тачи, а објавија албанските медиуми.

Албанскиот претседател, Илир Мета, запрашан дали лидерите на Србија и Косово ги приближиле ставовите околу дијалогот и дали може да се очекува дека процесот ќе продолжи, одговори:

„Не знам дали овој самит ги приближи ставовите на Косово и Србија, но знам дека атмосферата беше многу позитивна“.

Мета додаде дека би било добро дијалогот да бил завршен вчера, а не денес или утре.

Треба да знаете
Последни објави