Германија повторно е во шок откако беа елиминирани во Катар веќе во групата, a зборуваме за нација која на секое Светско првенство доаѓа со само една идеја – да го освои! Сепак, Германија вторпат по ред ја пропушти нокаут фазата на Светското првенство.
Германците беа елиминирани во групната фаза и во Русија пред четири години, кога поразите од Јужна Кореја (0:2) и Мексико (0:1) беа кобни, а победата против Шведска (2:1) беше само слаба утеха. Слично беше и во Катар, загубија од Јапонија 2:1, која вечерва ја победи и Шпанија со истиот резултат и така ја елиминираа, одиграа нерешено 1:1 со Шпанија и ја победија Костарика со 4:2.
Германски Билд „гори“ од критики по новиот дебакл на Мундијалот:
„По Русија 2018 година, мислевме: Не може да биде полошо. Денес знаеме: Станува полошо. Помеѓу беше ЕП 2020 година, кога потклекнавме во осминафиналето (0:2 против Англија). Три турнири по ред каде што не направивме ништо. Фудбалскиот свет порано трепереше пред нас. Сега Германија е само фудбалско џуџе“.
Ханси Флик не успеа во својата мисија да ја врати Германија таму каде што и припаѓа. Впрочем… Никому не му е грижа што ја победи Костарика (4:2).
По натпреварот против Костарика (4:2), Томас Милер беше еден од првите играчи што коментираше – и ги изговори зборовите што звучеа како крај на неговата меѓународна кариера:
“Тоа е апсолутна катастрофа! Не знам како да продолжам. Ако тоа беше мојот последен натпревар, тогаш би сакал да им кажам неколку зборови на германските фудбалски фанови. Беше големо задоволство, драги луѓе. Имавме одлични моменти Се трудев на секој натпревар да го задржам срцето на теренот“, изјави светскиот шампион од 2014 година, а потоа продолжи:
“Секогаш давав максимум и понекогаш имаше солзи радосници поради моите постапки, понекогаш гледачите имаа болки на лицата. Дури и да не успеав во сите акции, тоа го правев со љубов. Се друго треба да видам”.