Денес бев во Виница со Миле Петков – Градоначалник на Општина Виница и сум особено горда што можев да видам огромен одзив на граѓани кои се приклучуваат на оваа иницијатива за заедничко креирање на буџетите на општините за 2023 година.
И факт е дека се започнува од идеја!
Преку проектот „Твојата идеја за промени” се нуди можност на граѓаните да ги предложат своите идеи и проекти кои би сакале да се реализираат, се со цел заеднички да се планира развојот на општините.
Дозволете вашите идеи да ги направиме реалност, мора да дејствуваме, да се прилагодуваме и да учиме секојдневно.
Не е важно само да имаме идеи, туку да ги изразиме, да ги споделиме и да ги спроведеме – тоа е она што прави разлика.
Способноста да се претворат идеите во работа е тајната на нашиот заеднички успех! Општините креираат буџети согласно потребите и приоритетите на граѓаните. Овој и следниот викенд, посетете ја Општина Виница, предожете ја вашата идеја за промена!
Да креираме Буџети од народот за народот.
БИДИ ДЕЛ ОД ПРОМЕНИТЕ ШТО НОСАТ ИДНИНА!