Ученикот кој во Трстеник и го тргна столчето на професорката се обидел да си го одземе животот

Таткото на ученикот Н.Ж (17 г.) кој и го тргна столчето на професорката во техничкото училиште во Трстеник, пријавил дека неговиот син ноќеска се обидел да си го одземе животот. Благодарение на брзата реакција на брзата помош од Трстеник е избегната трагедија и тој сега во стабилна здравстврна состојба е сместен во болница во Крушевац.

Како што е пријавено, ученикот за кого е отворен предмет во Вишото јавно обвинителство во Крушевац, поради тешкиот инцидент со професорката кој се случи на 9 ноември, по што директорт предложи да биде исклучен од школото, се обидел да се обеси, пренесуваат српските медиуми.

 

 

Треба да знаете
Последни објави