По бод за водечката четворка во мак-фудбалот

Лидерот Струга одигра попладнево нерешено 2-2 против Брегалница на домашен терен, додека актуелниот шампион Шкупи ремизираше 1-1 на гостувањето кај градскиот ривал Македонија ЃП во рамки на 13. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Во преостанатите три натпревари, Тиквеш ја совлада Победа со 1-0, Академија Пандев загуби од Работнички со 0-2, додека Силекс и Шкендија ги поделија бодовите одигрувајќи 1-1.

Слободна во ова коло беше екипата на Скопје.

Табела: Струга 26, Шкендија 23, Шкупи 22, Силекс 22, Тиквеш 19, Брегалница 16, Работнички 14, Македонија ЃП 13, Победа 11, Академија Пандев 8, Скопје 5 бодови.

Треба да знаете
Последни објави