Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците од општините Кисела Вода и Ѓорче Петров.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, без струја во период од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата „Востаничка” од бр. 29 до бр. 33, улица „Ениџе Вардарско” бр. 10, „Ениџе Вардарско” бр. 8 и дел од улицата „Серска”.
Од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Саса” – подулички бр.6, 12, 14, 16, 18, 24, 26, 28, 30, улица 1440 и дел од улицата „Јабланица”.
Во период од 09:00 до 10:00 часот дел од улицата „Крсто Раковски”, а од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Антон Димитров” – од крстосница со улицата „Живко Фирфов” до крстосница со улицата „Румена Хаџипанзова”.
Причина за прекинот се техничките зафати во електро дистрибутивната мрежа.