На 04.12.2022 во 22.03 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.,,Добривоје Радосавлевиќ” во Битола, патничко возило „фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Т.(28) од Битола, удрило во пешаците В.П.(54) и И.П.(52) од Битола.
Во несреќата, В.П. се здобил со тешки телесни повреди, а И.П се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила екипа на СВР Битола.