Антикорупциска: АВМУ не го прекршилa Изборниот законик со приверени вработувања

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) оцени дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) не го прекршила Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси со временото ангажирање на две лица – правници во текот на изборниот процес за претседателските избори 2019 година.

-ДКСК, по добиените податоци и информации од Агенцијата одлучи дека „реализираните вработувања на двете лица – правници на определено време преку Агенција за привремени вработувања во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на претседателските избори 2019 се заради извршување на законските обврски на Агенцијата во текот на изборниот процес и истите не претставуваат прекршувања на забраните утврдени во Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судирот на интереси бидејќи се работи за случај на итни и неодложни работи, за кои претходно се одобрени финансиски средства со Одлука на Влада на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од АВМУ.

Треба да знаете
Последни објави