Аргентинскиот пратеник Ектор Оливарес е застрелан денеска во близина на зградата на Националниот конгрес на Аргентина, соопштија локалните власти.
Врз Оливарес и неговиот помошник утрово бил отворен оган од автомобил во движење. Врз нив се испукани најмалку шест куршуми. Помошникот на Оливарес е убиен, а пратеникот е пренесен в болница.
Ектор Оливарес е пратеник во Долниот дом на Парламентот од провинцијата Ла Риоха.
Според аргентинските медиуми, убиениот помошник на Оливарес е Марсело Јадон.