Сурфер беше убиен од ајкула на брегот на Индискиот океан на францускиот остров Реинион.
Како што јавија француските медиуми, се работи за маж на околу 35-годишна возраст кој сурфал на забрането место.
„Би-би-си“ пишува дека сурфањето на поголем дел од островот е строго забранет, токму поради честите напади на ајкули, по што Реинион е инаку познат.
Ова е 11 напад на ајкула со фатален исход на Реинион од 2011 година.