Арсенал за првпат се квалификуваше во финалето на Лигата на Европа, откако ја победи Валенсија со 4-2 во реваншот на стадионот „Местаља”. Така „топџиите” ја надминаа полуфиналната фаза со вкупен резултат од 7: 3.
Почетокот на дуелот не покажа со ништо дека момчињата на Унаи Емери би можеле релативно лесно да ја решат својата домашна задача. Кевин Гамеиро, кој вечерва славеше роденден, го отвори резултатот и Валенсија притискаше за втор гол.
Токму тогаш Арсенал изедначи од никаде. Александар Лаказет асистираше за бомбата на Пјер-Емерик Обамејанг, а четири минути по паузата, самиот Французин се запиша во листата на стрелците и ги уништи надежите на навивачите на „лилјаците”.
Гамеиро повторно постигна на среќа, но вториот гол на Обамејанг конечно стави точка на спорот. Во 89-тата минута, Африканецот го оформи својот „хет-трик”.
На 29 мај Арсенал ќе спори во финалето со победникот од дуелот помеѓу Челзи и Ајнтрахт Франкфурт.