Вонредна прес конференција во Белата куќа: Трамп не исклучува можност од воен судир со Иран

Претседател на САД, Доналд Трамп побара од иранското раководство да седнат на маса и да разговараат со него за да се откажат од нуклеарната програма, додавајќи дека, со оглед на зголемување на тензиите меѓу двете земји, не може да исклучи можноста од воен конфликт.

На вонредна прес-конференцијата во Белата куќа Трамп образложи зошто го испратил носачот на авиони УСС Абрахам Линколн во Персискиот Залив.

-Имаме информации кои не сакате да ги знаете, но многу се опасни и ние мора да се погрижиме за безбедноста на нашата земја и на многу други места, изјави Трамп.

На прашањето дали постои ризик од воена конфронтација, тој одговори дека тоа секогаш може да се случи, но се надевам дека нема.

Трамп во неколку наврати изрази подготвеност да се сретне со иранското раководство, а тоа го повтори и вчера пред новинарите.

-Би требало да ми се јават и да седат со мене на маса. Би можеле да се договориме за да се постигне фер договор. Ние едноставно не сакаме да имаат нуклеарно оружје, не бараме премногу, изјави Трамп.

Треба да знаете
Последни објави