Тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман изјави дека сака да ја има истата смиреност како што ја покажува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти за време на натпреварите на неговиот тим.
– Реал Мадрид освојува многу титули. Секогаш можете да научите нешто од најдобрите тимови и врвни тренери. Во овој случај, потребното трпение во одредени ситуации и способноста да се контролирате, изјави Нагелсман за „Спорт Билд”.
Денес од 15:30 часот Баерн гостува кај Мајнц во 12. коло од германскиот шампионат.
Баварците се втори на табелата во Бундеслигата со 22 бода, еден помалку од лидерот Унион Берлин.