Надуеност на желудникот е состојба која погодува голем број луѓе во некој период од нивниот живот. Оваа состојба може да биде прилично непријатно искуство, а надуеноста може да биде предизвикана со консумирање на одредена храна, но и пребрзо и прекумерно јадење.
Експертите тврдат дека постои ризик од надуеност во желудникот доколку редовно јадете карфиол. Консумирање големи количини на карфиол за време на оброкот, може да доведе до привремен абдоминален оток, според медицински портал.
Имено, карфиолот спаѓа во редот на намирници кои се исклучително тешки за варење. Меѓутоа, експертите советуваат дека би можеле да ја намалите болката во стомакот или надуеноста доколку добро го зготвите карфиолот.
„Надуеноста е состојба кога стомакот станува отечен, што често може да се појави после оброкот. Луѓето кои често се надуени, забележале дека оваа состојба е поврзана со точно одредени намирници. Сезонскиот зеленчук е храна која содржи многу есенцијални хранливи состојки, вклучувајќи витамин Ц, К, влакна и калиум. Меѓутоа, тоа може да предизвика некои непосакувани дигестивни проблеми, вклучувајќи ја надуеноста“, стои во студијата.
Исто така, може да бидете изложени на ризик од надуеност на желудникот и ако редовно јадете кромид. Кромидот содржи фруктани, растворливи влакна кои исто така се тешки за варење.