Позитивните тенденции во економијата продолжуваат.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот извоз во периодот јануари – март 2019 бележи раст од 7,7 отсто споредено со истиот период од 2018 година.
По растот на извозот во 2018 година, извозот бележи раст и во првото тромесечие од 2019 година.
Економските политики на Владата предводена од СДСМ и интензивирањето на процесот на евроинтеграциите, даваат реални резултати.
Според вкупниот обем на трговска размена Република Северна Македонија по Германија и Велика Британија, најмногу тргувала со Грција што е уште еден доказ дека решавањето на деценискиот спор позитивно влијае и ја унапредува економската соработка помеѓу двете земји.
Растот на извозот во првиот квартал покажува дека е вратена довербата во стопанството, олеснет е пристапот до нови пазари, а економијата е стабилизирана и се движи во нагорна линија.
По формалното пристапување во НАТО и интеграцијата во ЕУ, се отвораат можности за дополнително интензивирање на растот на извозот што ќе придонесе за поголемо и поконкурентно производство, нови работни места и повеќе пари во стопанството.