Станува збор за една од најсилните жени во хороскопот. Жената која е подготвена да ги сруши сите бариери за да го добие тоа што го сака и која секогаш е на страната на оние кои ги сака.
Станува збор за жената родена во знакот Овен.
Таа е огнена жена на која сите можат да се потпрат секаде и секогаш. Роден лидер со визија која поседува силен карактер. Освен тоа, таа има добра душа и ги сака луѓето околу неа силно.
Себеси се смета за сексуално слободна личност и секогаш сака силни мажи покрај себе. Иако кон нив се однесува како мајка, сепак не би сакала да има слаб маж, без карактер до себе.
Како пријателка, би направила се што е потребно за оние кои ги сака, а она е една од ретките личности на кои можете да им се јавите среде ноќ и кои за неколку минути ќе дојдат да ви помогнат да ги решите сите проблеми кои ги имате или да ве извади од неволја.
Како мајка е заштитнички настроена, а некогаш и претерува во тоа. Неа и е тешко да сфати дека децата растат и се менуваат. Сепак, е една од најдобрите мајки кои можете да ги имате.
Многу специјална жена со одличен карактер и огромна сила во себе.