Хакери предизвикаа хаос во издавањето на гласачки ливчиња за изборите за Европскиот парламент

Хакерски напад врз компјутерските системи на градот Виена предизвика хаос во издавањето на гласачки ливчиња за претстојните избори за Европскиот парламент.

Најпрво, илјадници брања проголта новата дигитална апликација на град Виена, преку која граѓаните можат да аплицираат за гласачки ливчиња, а тоа го прават оние кои не сакаат да одат на гласачките места, но сакаат да го искористат своето право на глас преку пошта.

Потоа, хакерскиот напад доведе до пад на компјутерскиот систем на градот Виена.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Кристоф Пелцл, изјави дека градот го пријавилхакерскиот напад кај надлежните институции.

Проблемите најпрво биле забележани во виенската општина Медлинг, каде што одеднаш се создае долги редови од граѓани пред шалтерите.

Во оваа општина, како и во многу други, системот паднал, па граѓаните морале да бидат вратени во своите домови.

Исто така срушена била и официјалната интернет страница на градот Виена.

Градската администрација, соопшти дека нивниот компјутерски систем бил цел на DoS напад, кој се обидува да го онеспособи серверот.

Треба да знаете
Последни објави