Четириесет ученици од петтите одделенија при ООУ „Дитурија“ од скопската општина Сарај, го посетија Центарот за селекција на отпадот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Учениците се запознаа со процесот на селекција на отпадот и неговото балирање со помош на машини, a за прв пат имаа можност да видат како изгледа гранулат, претформа на пластично шише, синтетичко влакно и рециклирана хартија.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за младите посетители организираше спортски игри за селектирање и рециклирање на отпадот, а сите на подарок добија маички и капчиња, како и примерок од сликовницата ,,Забавно рециклирање“.