Според резултатите од истрагата, маж од Англија прво го издрогирал своето семејство, ја избол до смрт својата сопруга, па се фрлил од карпа заедно со двајцата синови, јави „Би-би-си“.
Лаура Сесилија Наварете Де Фигуера (47) била пронајдена на 5 март минатата година мртва во својата семејна куќа во Твикенхам.
Истиот ден нејзиниот сопруг, Аделино Габриел Фигуера де Фариа и нивните деца, Клаудио (10) и Јоакин (7) биле пронајдени мртви во подножјето на карпата.
Сопругата починала од 60 убодни рани. Не е познато дали децата само скокнале или биле турнати од карпата висока 60 метри.