Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека побарал од високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, да биде исклучена од дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, неведоа приштинските медиуми.
„Самиот побарав да се разјаснат работите и улогата на учесниците во процесот“, рече Харадинај.
Тој изјави дека некои се обидуваат да го прикажат како личност што ги загрозува добрите односи помеѓу Приштина и Вашингтон.
„Ќе имаме состанок во Париз со претставници од Србија, а потоа уште еден во Вашингтон, така што Вашингтон ќе биде можеби директно вклучен. Тоа е дел од процесот чија цел е Србија да го признае Косово во постојните граници, почитување на човековите права, унапредувањето на економските односи и евро-атлантската интеграција“, изјави Харадинај.