Британскиот комичар Фреди Стар (76) е пронајден мртов во стан во областа Коста дел Сол, близу Малага, Шпанија. Според полициски извори, нема знаци на насилна смрт.
Резултати околу причината за смртта, се очекуваат откако Институтот за судска медицина во Малага ќе ја заврши обдукцијата.
Глумецот страдал од астма и имал срцеви проблеми. Инаку, тој бeше една од најголемите ѕвезди во периодот од 1970 до 1990 година. Глумел во реалното шоу „Јас сум славен, вадете ме одовде” во 2011 година. Една година претходно преживеа срцев удар.