Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во март годинава се повисоки за 3,8 отсто на месечно ниво и за 13,3 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на моторниот бензин пораснала за 11,1 отсто на месечно ниво, на дизелот за 2,5 отсто, на керозинот за 5,3 отсто, а на автоплинот за 4,5 отсто.
На годишно ниво, пак, порастот на цената на бензинот е 3,6 отсто, на дизелот 14,1, на керозинот 10,1, а на авто плинот 11,4 отсто.