Хрватскиот пејач Тони Цетински е добитник на наградата „Оливер Драгојевиќ“, награда која се доделува за најдобар пејач. Тој со престижната награда се пофали на „Инстаграм“.
https://www.instagram.com/p/BxMtTquhYKB/?utm_source=ig_embed
Со ова Цетински ја продолжи низата на успешни настапи почнати од 2018 година. Минатата година заврши во знак на неговиот нов албум „Као у сну“, но и хитовите „Генерал без чинова“, „Као у сну“ и „Ја не знам никог бољег од тебе“.
Круна на сето ова беа неговите бројни настапи во најугледните концертни сали, за кои се бараше влезница повеќе, но исто така и непрекината и несебична помош на млади музичари на патот кон врвот на сцената.