Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласира во финалето на турнирот во Ираклион, Грција. Тој во полуфиналната пресметка славеше со 2:0 во сетови против Италијанецот Андреа Гутиере.
Калин Ивановски го доби првиот сет во тај-брејк, а во вториот беше поубедлив и го доби со 6:3 во гемови.
Во финалето Ивановски го очекува победникот од мечот меѓу Себастијан Гима и Павел Неједли.