Против две лица од Штип поднесена е кривична пријава за измама.
МВР соопшти дека пријавените довеле во заблуда жена од Штип, која ја натерале да го продаде нејзиниот стан за да направат заедничка куќа, а откако оштетената им дала 35.000 евра, тие ја сместиле во помошна просторија-шупа од дворот од нивната куќа и не го исполниле ветеното за изградба на заедничката куќа.