Разврската во Премиер Лигата се приближува со дуелите од последното коло. Во недела, Манчестер Сити гостува на Брајтон и при победа ќе ја одбрани шампионската титула без разлика од исходот на натпреварот на конкурентот Ливерпул против Вулверхемптон. При кикс на „небесносините” сепак – реми или пораз, Ливерпул ќе бидат први, доколку запишат домашен триумф против „волците”.
Брајтон се спаси од испаѓање и во последниот натпревар на теренот не игра за ништо. Но, Пеп не смета дека ќе биде лесно против крајбрежниот тим.
– Би било добро да постигнеме први гол. Веќе ја анализиравме играта на противникот и знаеме дека тој се брани многу добро. Ако домаќините играат со најдобрите фудбалери и решат да се обложат на прекините и контранапад, тие можат да бидат опасни и можеби дури и ќе напаѓаат повеќе од нормалното. Се може да се случи и еден наш гаф, еден исклучителен потег на противникот или една грешка на судијата, можат да го решат спорот за трофејот. Затоа треба да бидеме совршени во секој поглед, изјави шпанскиот стратег.
Добрата вест за него е дека Кевин де Бруин изгледа добро по последната повреда и би требало да биде на располагање.
– Тој тренираше добро во последните два дена и можеби ќе земе учество во натпреварот. Фернандињо нема да игра. За него оваа средба сѐ уште доаѓа премногу рано. Можеби ќе биде достапен во финалето на англискиот куп … ќе видиме, додаде Каталонецот.