Американската актерка Ен Хатавеј (36) доби ѕвезда на Булеварот на славните во Лос Анџелес.
„Пресреќна сум“, рекла Хатавеј, која е добитничка на Оскар за споредна женска улога во филмот Les miserables.
Таа им се заблагодарила на фановите, како и на луѓето кои со децении се во нејзиниот живот.
На настанот, со Хатавеј биле нејзините родители, сопругот и актерката Ребел Вилсон, со која заедно глуми во најновиот филм The hustle, кој премиерно ќе биде прикажан денеска во САД.