Поранешниот топ-модел и водителка Тајра Бенкс ја прекина пензијата за да се фотографира за насловната страница на магазинот „Спортс илустрејтед“. Четириесет и петгодишната Тајра позира во жолти бикини во бројот посветен на костими за капење. Таа е првата црнкинка што се појавила на насловната страница на ова списание по 1997 година. Освен насловната со Тајра, изданието има уште две насловни: со спортистката Алекс Морган и манекенката Камил Костек.
Тајра беше една од најпопуларните манекенки кон крајот на 90-тите години. Таа се сликаше за насловните страници на најпознатите светски списанија, беше дел од ангелите на „Викторија сикрет“, а потоа стана главен уредник и домаќин на реалното шоу „Следниот топ-модел на Америка“. Таа има и свое ток-шоу – „Шоуто на Тајра Бенкс“. Пред три години се пензионира, па тогаш рече дека веќе никогаш нема да работи како модел.