Давид Луис потпиша нов договор со Челзи кој ќе го задржи на „Стемфорд Бриџ” до летото 2021 година.
Во оваа сезона, бразилскиот фудбалер учествуваше во 48 натпревари во кои постигна три гола.
– Многу сум среќен што сум тука и ја имам оваа можност да го продолжам договорот и да останам во Челзи. Го сакам овој клуб. Сè уште имам амбиција на млад фудбалер. Многу ми е што се квалификувавме за ново европско финале. Сè уште имаме можност и да завршиме на третото место во Премиер лигата. Ќе продолжам да се обидувам да давам се од себе за тимот и да помогнам со она што можам, изјави дефанзивецот.
Директорката на Челзи, Марина Греновскаја изјави дека од клубот се среќни што Луис останува на „Стемфорд Бриџ”.
– Тој е совршен пример за сите околу вас. Има огромно влијание на теренот и пошироко. Ние сме пред финалето на Лигата на Европа и се надеваме дека ќе ја завршиме сезоната на третото место во Премиер лигата. Давид има голема заслуга за сите овие успеси, рече Русинката.
Давид Луис има 246 натпревари со дресот на Челзи, во кои постигна 18 гола.