Владата на Заев и СДСМ може да манипулираат со бројки колку што сакаат но нивните погрешни политики во земјоделството на свој грб најдобро ги чувствуваат земјоделците.
Впрочем за негрижата на владата најдобро говори фијаското со откупот на раноградинарските производи, праските, зелката, грозјето, сливите јаболката, а најново и проблемите на оризопроизводителите.
Оваа власт покажа целосна негрижа за потребите и проблемите на земјоделците. Министерот за земјоделие повеќе го интересираат скапи шопинзи во Дубаи, отколку земјоделската мака на народот.
Земјоделството, како и се друго во Македонија тоне, додека оваа влада самата себе се залажува со нереални бројки.