Барселона ќе постави реклама за дигиталната компанија за трговија и кредити со криптовалути Нексо (Nexo) на ракав од дресоот.
Деталите од договорот не се откриени, но во план е да бидат обелоденети пред почетокот на Светското првенство во 2022 година.
Вреди да се напомене дека зделката е слична на онаа со Беко – ова партнерство на Барселона и донесе 19 милиони евра по сезона.
Раководството на каталонскиот фудбалски гигант бара начин да се консолидира по запаѓањето во финансиска криза во последниве две-три години.