Скопјанецот Б.Л (22) ноќеска во 2.35 часот пријавил дека околу 1.55 часот пред поликлиниката Ченто физички бил нападнат од четири непознати лица кои повеќепати го удриле со тупаници по главата и телото.
Му нанеле видливи повреди, црвенило и оток во пределот на лицето. Според пријавата, до физичкиот напад дошло без повод и причина, односно додека Б.Л. се движел пеш по улицата Маџари од зад грб му пришле четворицата на возраст од 18 до 24 години и почнале да го тепаат. По нападот се качиле во автомобил „рено модус” и избегале. Се работи на расчистување на случајот.