Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски заедно со голем број на млади од Општина Бутел, присуствуваше на дводневен семинар во Белград, Србија.
Општина Бутел во соработка со Општина Врачар, невладината организација “Интеркултура” од Скопје, делегацијата на ЕУ во Р.Србија на чело со Сем Фабрици, како и многу други Општини и организации од Словенија, Србија, БиХ, се поддржувачи на проектот “Избери ја Европа”.
Целта на проектот е да се поттикнат и охрабрат младите од 15 до 29 години, од сите земји, поактивно да се вклучат во процесите на донесување одлуки на сите нивоа во својата држава, со што тие би прераснале во главни носители на промените и изборите во државата, а со самото тоа и во Европската Унија.