Ракометарите на Металург приредија големо изненадување во националниот куп, откако вечерва во дуелот за трофејот го победија големиот фаворит Вардар по подобро изведување пенали.
Вардар почна фуриозно со 5:0, но Металург продолжи да се бори, дојде и до минус еден 12:11, но при крајот на полувремето Вардарци повторно се одлепија и на одморот се заминаа со водство од 16:12.
Ракометарите на Металург почнаа со голема желба во вториот дел и ја искористија опуштеноста на Вардарци, па направија серија од 7:2 и прво водство, а за кратко време дојде и до предност од три разлика 22:19. До крајот на мечот Вардар успеа само да го изедначи резултатот 29:29, па се пријде кон удари од седум метри по кои „металурзите” победија со 33:32.
Шпенде со девет гола беше најефикасен кај Металург, Токиќ постигна осум. Во составот на Вардар Чупиќ постигна седум гола.
Ова е прв „испуштен” трофеј на „црвено-црните” по петгодишна доминација во домашните натпреварувања.