Американскиот милијардер Џеф Безос во Вашингтон го претстави својот нов вселенски апарат што ќе биде испратен на Месечината. На настан организиран во Вашингтон, Безос го претстави леталото Blue Moon, кое би требало да доставува различни видови товар до Месечината. Како што истакна и самиот Безос, сакаат да обезбедат постојано човечко присуство на Месечината.
Сопственикот на Амазон изјави дека првична цел е слетување на Јужниот Пол на Месечината, каде што научниците потврдија присуство на мраз. Водата може да се користи за производство на водород, т.е. гориво за натамошни истражувања. Целосно наполнет со гориво, „Блу Мун“ тежи 15 тони, а кога ќе слета, ќе биде околу 3,3 тони полесен.Леталото со назив „Блу Мун“ (Сина Месечина) ќе може да врши превоз на луѓе и опрема на Месечината не подоцна од 2024 година.
„Ова е неверојатно летало и лета до Месечината“, изјави Безос. Тој додаде дека идејата е Blue Moon на Месечината да пренесува околу 4 тони товар.
"It's time to go back to the moon, this time to stay," says Jeff Bezos. The Blue Origin founder unveiled Blue Moon, a lunar lander that's designed to land on and bounce back off of the moon's surface https://t.co/WAUG06VZb2 pic.twitter.com/s61pv4ZUJz
— CNN (@CNN) May 9, 2019
Blue Origin со години работеше на Blue Moon. Леталото треба да биде опремено со систем од радари кој се користи и за автономните автомобили, за само да може да се спушта на површината на Месечината.
Освен Blue Moon, Безос го претстави и новиот ракетен мотор наречен BE-7, кој би требало сам да го придвижува леталото. Ќе користи комбинација од водород и кислород, главните компоненти на водата, кои ќе ги добива од залихите на лед на Месечината. Безос е убеден дека неговата компанија може да и помогне на НАСА да ги врати Американците на Месечината до 2024 година.