Хаос во Тирана: Полицијата со солзавец на протестантите, претепан секретарот на опозициската Демокртска партија

Албанската полиција употреби солзавец вечерва за време на анти-владините протести во Тирана, кога група демонстранти пробиле полициски кордон и се упатија кон зградата на владата. Во полициската акција се приведени најмалку 50 лица, а меѓу нив и Саит Долапи, секретар на опозициската Демократска партија. Тој бил претепан од полицијата, а тепањето било снимено од новинарските екипи.

Илјадници поддржувачи на албанската десничарска опозиција се собраа на протестот во Тирана, барајќи оставка од владата на премиерот Еди Рама и повикувајќи на предвремени парламентарни избори. Поддржувачите на опозицијата, кои се собраа пред главната владина зграда, фрлаа петарди, молотовски коктели и друга пиротехника, објави АП.

Треба да знаете
Последни објави