Само за 2023 СДС проектира буџетска дупка од 700 милиони евра, што значи нови долгови за нови криминалии.
И овие пари, како и претходните нема да завршат во проекти, туку во крадење. Ќе завршат на приватни сметки.
Само злосторничкото здружение БРОИЛО на Ковачевски, за пример, државата ја чини 26 милиони евра државни пари.
За споредба, кога дојдоа на власт во мај 2017 затекнаа долг од 4,7 милијарди евра или 47,7 отсто од БДП, за што правеа трибини и паника во јавноста дека државата е во амбис и во “грчко сценарио”.
Долгот со СДС во 2021 достигна рекорд од 61 проценти до БДП, па вештачки се намали со раст на БДП со рекордната инфлација.
Сега со растечка инфлација предизвикана од криминалот на СДС со струјата, јавниот долг е 56.6 отсто од БДП, ама нема трибини, експертски мислења ниту пак “бројачи” на Порта Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДС да ги казнува граѓаните тие да останат без квалитетен развој додека Ковачевски, Ахмети и Бочварски се богатат со фирми за трговија со струја.
Со сопствени средства и обврзници во коишто граѓаните сами учествуваат, општините ќе ги реализираат нивните потреби.
Со ВМРО-ДПМНЕ парите одат за проекти на народот.