Телефонски разговор на Пендаровски со Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните политички процеси во Република Северна Македонија и во поширокиот регион, со посебен акцент на дијалогот Белград-Приштина.

Во телефонскиот разговор беа разменети мислења и информации за актуелните случувања поврзани со руската агресија врз Украина и континуираните напори на НАТО-сојузниците за поддршка на украинските власти и солидарност со украинскиот народ.

Треба да знаете
Последни објави