Албанската влада почнува да ги обновува мостовите во земјата во рамки на заедничкиот проект со Светската банка, јави државната агенција, АТА.
Канцеларијата на Светска банка во Тирана соопшти дека новиот проект ќе ја подобри инфраструктурата на 30 мостови во Албанија.
Од проектот директно ќе имаат корист 800.000 луѓе, а подобрата патна мрежа ќе овозможи побрзо движење на луѓе и стоки и ќе ја зајакне економијата.
Вицепремиерката на Албанија, Белинда Балуку, која е и министерка за инфраструктура и енергетика, најави дека проектот ќе трае седум години, а средствата за него се во вредност од 100 милиони евра.
Во 2023 година, во рамките на проектот ќе бидат обновени два моста.