ЕУ постигна договор за ограничување на цените на руските нафтени деривати

Европската Унија постигна денес договор за ограничување на цените на руските нафтени деривати, соопшти шведското претседателство со ЕУ, два дена пред почетокот на ембаргото на ЕУ на тие производи кои се увезуваат по море.

„Амбасадорите на ЕУ денес ја одобрија горната граница на цените на руските нафтени деривати пред тоа конечно да го усвои Европскиот совет“, соопштија шведските претставници и додадоа дека тоа е „важен договор кој е дел од континуираниот одговор на ЕУ и нејзините партнери на руската агресорска војна на Украина“.

Според европските дипломати, договорот вклучува горна цена од 100 долари по барел за поскапите производи како дизелот, како и 45 евра по барел за помалку рафинираните производи како мазутот.

Договорот е во согласност со предлозите на Европската комисија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен кажа денес дека треба да продолжи притисокот врз Русија за да има помалку приходи за да ја финансира војната во Украина.

 

Треба да знаете
Последни објави