Македонката Фросина Ѓоргиева е добитник Merit награда на светскиот натпревар Постер на мирот (Peace poster), организиран и спонзориран од Меѓународната Федерација на Лајонс клубови (LCI).
Имено, на 35-тиот натпревар, постерот на Ѓоргиева е избран меѓу 120-те најдобри постери во конкуренција на цртежи од околу 600.000 дечиња од повеќе од 60 држави. Таа ќе добие 500 долари како награда за избраниот постер.
„Како Дистрикт 132 многу сме горди што нашата Ѓоргиева не стави на мапата на LCI. Нејзиниот постер ја доби наградата во сериозна конкуренција. Таа учествуваше на овој натпревар кој во нашиот Дистрикт го организираше Даница Георгиевска, благодарение на ангажманот на Лајонс Kлуб Тиквеш Кавадарци и на претседателката Верка Јованова, кои се ангажираа училиштата од нивниот реон да учествуваат на натпреварот”, вели Гоце Бурзевски, Гувернер на лајонс клубовите во Македонија.
За Ѓоргиева ова е одлично достигнување која ја лансира во светскиот Лајонизам и покажува дека лајонизмот како движење се учи и живее од мали нозе.