Изгоре „мерцедес“ на осигурителна компанија

Автомобил н осигурителна компанија изгорел во пожар, ноќеска во скопски Карпош, информираше МВР.

-На 12.05.2019 година во 03,08 часот во ЕИК-Скопје, Д.В. пријавила дека на улицата Теодосиј Синаитски во Скопје бил опожарен паркиран автомобил “Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки , сопственост на Осигурителна компанија .Од страна на екипа на БППЗ-Скопје пожарот е локализиран. Увид ќе се врши во текот на денот, велат од МВР.

 

Треба да знаете
Последни објави