Заврши преведувањето на 35-те илјади амандмани поднесени на законот за јазици

Заврши преведувањето на 35-те илјади амандмани поднесени на законот за јазици

Собраниските служби ги превеле на албански сите 35 илјади амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Законот за употреба на јазиците.

Во моментов амандманите технички се разгледуваат за да бидат групирани според содржината. Овој процес исто така може да потрае неколку дена. Рекордниот број на амаднмани веројатно ќе се решава со политички средства, а координација лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе имаат и пратениците на оваа партија.

Од кабиентот на Талат Џафери велат дека нема одлука кога ќе продолжи третото читање на законот откако тој беше вратен од Иванов со низа забелешки за неговата неуставност и беше ставен на седница минатиот понеделник. Во собранискиот календар нема закажано никакви активности за оваа недела.

ВМРО-ДПМНЕ се реши на ваков чекор откако Владата и владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ не прифатија да го повлечат законот и да се формира работна група од политичари и експерти за нов закон за употреба на јазиците.

Според Деловникот нема временско ограничување колку треба да трае собраниската седница на која ќе се разгледуваат амандманите, сепак има ограничување од три минути за обралложување на амандманот. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ која се врати во собраниските клупи само за овој закон, настапува со 10 пратенички групи.

Во меѓувреме не стивнуваат инцијативите за оспорување на законот од страна на акдемската фела. Професорката Каролина Астеруд од денеска на својот фејсбук профил почна со објавување на т.н.  Граѓански водач за неуставноста на законот за јазици.

„Голема лага и злоупотреба е дека носењето на овој и ваков закон е нешто што го барала ЕУ. Ниту во „заклучоци на Советот на ЕУ изминатите години,“ ниту пак во било кој годишен Извештај на Европската комисија за напредокот на РМ во ЕУ, нема ниту едно зборче за нешто што и во најшироко нивно толкување може да се сфати и разбере како укажување или евроинтеграциско условување да се донесе баш ваков закон и со ваква содржина, секако за некаква си измислена недовршена „имплементација на Рамковниот“ во поглед на употребата на јазиците“, пишува Астеруд.

Ако е така, вели професорката, законот ќе бил донесен уште пред 16 години.

 

Треба да знаете
Последни објави