Хорор во валандовско: Возрасен маж силувал девојче (8), а нејзината сестра (15) успеала да избега
Вчера во 11,30 часот во Полициска станица Валандово, 41 годишна жителка од Валандово пријавила дека 55-годишен маж од село Пирава, во повеќе наврати во период од еден месец, извршил полови дејствија врз нејзината осумгодишна ќерка.
И втората ќерка на пријавителката, 15- годишна малолетничка, им раскажала на родителите дека истото лице во неколку наврати се обидел истото да и го направи и на неа, но таа успеала да избега.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.